„Поезија за бројките“ од Александар С. Трајковски е најновото видео наменето за најмалите слушатели. Видеото е полно со едукативна содржина, возраста за која е наменето е од 4 до 6 години, но може да го гледаат помали и постари дечиња. Ги учат бројките визуелно и редоследно, плус како се пишуваат со букви. Покрај тоа постарите дечиња ќе го вежбаат и читањето бидејќи на видеото има букви од текстот. Се надеваме дека ќе им биде забавно да го гледаат, но и доста поучно. Пријатно гледање и учење!
Ве повикуваме да направите subscribe на каналот за да го поддржите понатамошното креирање на видеа. Слушнете ја и „Време е за сон“ од истиот автор.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/03/20201213_155946-scaled.jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.