Сеќавај се на мене – Благица Гаврилоска

Сети се на мене кога зората бела
сонцето во својот двор маѓепсан го води
Сети се
Сети се на мене додека испод сребрениот вел
ноќта сонувајќи оди;
затреперуваш ли кога задоволството те вика
или сенката те мами во вечерните сонови.

Слушај го од темните гранки
гласот како одѕвонува
Сети се на мене.
Сеќавај се кога желбата на судбината
засекогаш ќе те одвои од мене.
Кога од тага,години, далечини
Ова срце очајнички свене
За мојата тажна љубов ти помоли се.
што се простор и време кога се сака!!
Додека е моето срце
вечно ќе плаче.

Сеќавај се на мене.
Сеќавај се кога со скршено срце
Во сон вечен ќе паднам;
Сеќавај се на мене кога врвот на мојот гроб
Цвет осамен ќе цвета
Слушај во ноќниот мрак
Гласот како самиот плач;
сеќавај се на мене…

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели