За денес, од трезорот на македонското книжевно богатство, ви приготвивме десет народни гатанки за разигрување на умот. Уживајте во погодувањето.
1. Врви пред сонцето, а не прави сенка. (ретев)
2. Каде и е главата нема око, каде ѝ е окото нема глава. ( алги)
3. Старци со бели бради не можат да се стигнат. (ивонарб)
4. Студена змија на гуша виси. (надреѓ)
5. Низ него одиш, а не го гледаше. (худзов)
6. Повисоко од човек, а пониско од петел. (апак)
7. Ти ја празниш, а таа е сè поголема. (акпуд)
8. На сонце излегува, а на облачно се крие. (акнес)
9. Таа беше тука уште кога постана светот, а цела се појави пред еден месец. (аничесем)
10. Најбрз е на светов. (му)
Прочитајте и „10 народни гатанки за разигрување на умот“.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.