Лузните твои секогаш ме подсетуваат
дека не треба да очајувам кога за очај е,
дека од животот век правам а на краток престој сме.
Лузните твои ми зборуваат
дека домот што на ручек и топло печиво мириса,
од најлуксузниот хотел повеќе ме бендиса,
Лузните кои со достоинство
секаде ги носиш многу кажуваат
на оној што знае да ги прочита,
во нив само еден миг да се завитка
како Алиса во земјата на чудата чудо да види,
дека човек од стакло е понежен но и од камен посилен,
дека не постои пречка ни зид до сега изграден,
поцврст од волјата на човек решен
да се бори и да стои како војник на сите бури.
На секој предизвик и искушение
насмевка ко шминка да тури и да достои до крај
Поплитки, подлабоки секоја од нив говори.
Незгоди и убави мигови.
Раѓање на нови утра убави, претопли…
И кога ќе размислам сите лузни носиме поголеми или помали.
Видливи и скриени .
Некој од нас гордо друг срамежливо,
како време сончево или врнежливо
Изборот во нас е постојано
дали ќе ги пуштиме видени да бидат
или тивки солзи ќе ги кријат.
Дали треба секоја по еднаш да се погледне,
За да не освести до каде сме.
Лузните твои мои се штом научив да ги препознавам.
Себе почнав да се запознавам,
со нив се гордеам од мене дел се.
Како дрво кога се разгранува ги пуштам на мене
да растат човек да ме направат.
Оти без болка да сетиме ретко свесни сме,
дека без лузни човекот човек не бидува.
Дека без нив не прогледува.
Држи ги така секој ден да ги подгледнувам
Кога со себе седнувам .
Да ми покажат дека мора исправено на сè да стоиме.
Од срце ти благодарам што лузните твои и мои се.