Skip to content

11:11 – пламен близнак, сродни души и кармички души

Со прогонот на постоењето се соочува секој човек. Она што нам нè разликува од животните е нивото на нашата свест.

Не постои човек на планетата Земја, кој барем еднаш не си ги поставил прашања „Кој сум јас?“ и „Која е целта на моето постоење?“

Некои од нас одговор на овие прашања наоѓаат во бесконечноста на универзумот, во тоа дека душата не умира, туку само ја менува формата и опстојува одново и одново тежнеејќи да го достигне своето највисоко ниво. Од тука, на нашите сегашни животи, може да се гледа само како уште една епизода во низата на она што нашата душа треба да го живее до нејзината преобразба во совршенство.

Низ животот, безразлика во што веруваме, постојано стапуваме во интеракција со други луѓе и градиме врски со нив. Некои ни се екстремно пријатни од самиот почеток и имаме чувство како да ги познаваме од некаде. Други ни се крајно одбивни и непријатни, па нè иритира нивната појава. Во врска со некои луѓе ни е сеедно, односно не ни значат ништо. Така, низ патувањата на душата, таа гради врски со сродни души, со кармички души и со својот пламен близнак.

Кармички души

Ако сте имале чувство на дежа-ву со некоја личност што никако не сте можеле да си го објасните, просои веројатност таа личност да е ваша кармичка душа. Во кармичките врски се среќаваме со проблеми од некои претходни животи.Со нашите кармички души имаме незавршени работи и големи недоразбирања од нашите претходни животи.

Во ваквите врски, емоциите се со голем интензитет од самиот почеток. Дури и ако неодамна сте ја запознале личноста, ќе имате чувство дека ја знаете цел живот. Низ врската со кармичката душа ќе доживеете ментална и емоционална болка. Најголема разлика меѓу кармичката и било која друга врска е чувството на немоќ, дека вашата кармичка душа ќе замине. Тоа во кармичката врска најверојатно и ќе се случи, со цел да си ги решите проблемите во некој нареден живот.

Сродни души

Сродни души се оние луѓе крај кои што се чувствуваме пријатно. Сродни души не ни се единствено нашите партнери. Сродни души се нашите родители, браќата и сестрите, нашите пријатели. Сродни души ни се сите луѓе со кои може да се поврземе, да комуницираме и ги сакаме во нашето секојдневие.

Нашите сродни души биле околу нас во сите наши претходни животи и ќе бидат околу нас во сите наредни животи. Сродна душа најверојано ни е и нашиот парнер, со кој градиме рационална врска. Во таа врска преовладува хармонијата и не постои тензичност како во кармичката врска.

Пламен близнак

Секој од нас има само еден пламен близнак. Терминот пламен близнак се однесува на единствена душа, поделена во две половини. Овие две половини се разликуваат по форма и се две индивидуи.

Пламените близнаци честопати се спротивни, но нивните животни искуства водат до нивно обединување. Пламените близнаци не мора да се среќаваат во секој живот. Може да се сретнат, ама да не се препознаат.

Преку нивното обединуање, партнерите учат да прифатат сè што не се. Во точката на прифаќање, нивната душа достигнува состојба на рамнотежа што им овозможува да чувствуваат чисто и целосно.

Напишете коментар