Александра Стојановиќ е родена во Скопје, 2003 година. Основно образование завршила во ООУ „Стив Наумов“, а средно во ДСУ Спортска академија Студира на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”- Скопје на катедрата за македонски јазик и јужнословенски книжевности. Првите допирни точки со поезијата ги имала во средното училиште, мотивирана од страна на нејзинатапрофесорка по Македонски јазик и литература, Катерина Каровчевска. Со напишаниот збор во кој се всадени многу чувства, таа може да одпатува во свет изграден од фантазија, а пишувањето го претставува како терапија за душата. Насловот „Печат на срцето“ е нејзината прва стихозбирка.
За сите кои се со нас или не се, за сите со кои сме поминале одреден дел од животот, за оние со кои тек ќе доживееме незаборавни моменти. За секоја нанесена болка, љубов или пак неправда, за животот, за сите нас. За сè што е сеедно, А НЕ Е.
Рецензија: Со гордост го истакнувам исконскиот поетски восклик на едно име што надоаѓа во поетскиот свет со непобитен повод да го изнесе пред сите нас најубавиот поетски сон, од едно препрочитување – до наоѓање достојно место во нашите витрини за уште кое по ред книжевно уживање.
И така, од стих во стих, оваа млада и полна со потенцијал поетеса, ја проткајува својата поетска имагинација, со буен лиризам преполн со возвишени чувства, соништа, љубов, реалност и светлина како божествен подарок… Чисто испеано, со воздишки што пленат, спонтано и во занес.
Твојата оплеменета лирика кажува повеќе од сè. На нас останува да допреме длабоко во таа лирска убавина како маркер на човековата душа.
Катерина Каровчевска
Професор по македонски јазик и литература
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.