Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната „Какви се децата“ од поетот за деца, Ненад Џамбазов. Дел е од збирката Земјата на лажговците (1999), се состои од пет римувани строфи посветени на детската игра и генерален темперамент, а какви се децата според Џамбазов и каква е нивната игра, прочитајте подолу.
Збор по збор,
збор по збор,
пожар избувна во двор.
Од кавгата
што ги стресна,
секна песна,
игра лесна.
И што стана:
караница,
шлаканица,
тепаница.
Збор по збор,
убав збор,
се се смени,
молња светна,
кавгата во неврат летна.
Пак децата
си се смеат,
си играат
и си пеат.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.