Секогаш при рака
имај ги зборовите.
оние омилените
оние уморните од заборав
оние кои се невидливи,
за другите.
имај ги крај себе,
нив не можеш да ги напуштиш.
имај ги тука
до тебе, до креветот
при рака
никогаш подалеку од сонот.
без страв,
без страв имај ги во љубовта.
имај ги таму
каде што треба да бидат,
баш таму
каде што си Ти.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.