Skip to content

Молитва – Наталија Наумовска

Спокојот – овоземски
внатрешно во тебе барај го.

Чисти мисли и внатрешен глас
кој е презицен како хируршки нож.

Хармоничен од и израмнето дишење
како медитативен лек.

Гласот внатре во споразум со себе
глаголи молитва одамна научена.

Молитва како спас за бучен ум
во најтешки мигови.

Молитва што смирува
душа лекува.