Skip to content

Слушај поезија: „Место“ од Ристо Маџунков

Денешниот избор за на каналот „Слушај поезија и други приказни“ е „Место“, извадок од стихозбирката „Прашинки“ (2017) од Ристо Маџунков. Ристо Маџунков е роден на 24.5.1948 година во Струмица. Основно образование и гимназија завршил во својот роден град, а медицински факултет во Белград (1973). Специјализирал во Скопје и Париз (1979 − 1982). Основач е и долгогодишен началник на Службата за трансфузиологија во Струмица. Од 2006 година живее и работи во Торонто, Канада.

Автор е на седум поетски книги: „Спомени“ („СОВРЕМЕНОСТ“, 2020), „Семки“ („СОВРЕМЕНОСТ“, 2019), „Вечен збор“, второ преработено издание („АНТОЛОГ“, 2018), „Прашинки“ („АНТОЛОГ“, 2017), „Капки“ („2 АВГУСТ“, 2014), „Глас во пустина“ („НИП 21“, 1994), „Вечен збор“, прво издание („НИП 21“, 1992). Оваа збирка поезија насловена „Корени“(„АНТОЛОГ“, 2022) му е седма по ред поетска збирка.

Коавтор е на Прирачникот за трансфузиона медицина „Микроаглутинациски техники“ (РЗТ 2000).

Добитник е на „Медал за унапредување на крводарителството на Р Македонија“ (Црвен крст на РМ, 2000), годишна награда „Медал на град Струмица“ (2001), „Плакета за значаен придонес на развојот на Македонското лекарско друштво“ (2004), „Златна значка“ за придонес во работата на „Универзитетската здравствена мрежа“ во Торонто (2014). „Благодарница за организација на крводарителството и покажана хуманост и солидарност во текот на својот живот“ (Црвен крст на РМ, 2017).

Слушнете го читањето на видеото во продолжение.

Можете и  да чуете песната „Париз без Сена“ од Радован Павловски.