Ќе ти пеам песни од утро до мрак
и повторно и повторно,
како споулавена ќе ја пеам
истата песна пак.
Ќе ти пеам песни звучни,
па макар во твојата глава
тие да прават мелодии бучни.
Ќе ти пеам тажна приказна
отсликана во мојата млада душа,
без сигурност дали некој
неа ќе се потруди да ја ислуша.
Ќе ти пеам песни кротки и јасни,
а дали ти на нашите деца
ќе им читаш чудесни басни?
Ќе ти пеам со убавост
и без да плачам,
но еве, веќе сум сигурна
дека за век и навек со тебе ќе се мачам.
Ќе ти пеам како да сум твоја,
а не сум, и не ќе бидам,
ќе останам засекогаш своја.