Изворот на желбите е око отворено,
од клокот занесено,
од смеа зазорено.
Од него шурките ко лава се шират,
во скришните длапки на крвта се вират
во тајните места на срцето горат
и се така гласно, жуборно зборат.
Изворот на желбите е око струјно,
до бескрај гласовито,
до небеса чујно.
Од него во вените рој реки се збираат,
во бунарот на душата
дали некогаш ќе се смират?
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.