Skip to content

Прекрасна површност – Јасмина Јошевска

  • by

Секојдневно опирање кон сознанието да се пребегне низ теснецот каде жилаво те држи животот. Ми доловуваш доволно надеж а, ме пркосиш со самата себе зошто морам јас вечен херој да сум и за себе и за тебе та да не паднеш низ проѕирноста на светот кој нè соголува до срж. Несвесно, а повеќе од свесно ја будиш веќе испуштената солза токму за новиот ден кој пак се пресликува низ падежите, а ме држи себично во дланки лелеави кои се тресат од безумието на нескротениот повик низ туѓината. Постојаноста само на корица тврда се наоѓа а, таму беснеат сите немири. Земи ги и однеси ги каде сакаш.

Не е доволно треперењето на една душа. Веројатно треба осврт на ноќта со денот па да може да исплива чекањето за животот. Гори мислата за помислата просторна. Зарем дозволено е да не се изгубам во сопствениот лавиринт? Својствено културно прескокнување на живата ограда при себе да се доближи својот нагон за непромислен доцен час, оставена вејката на ветерот и немислоста на месечината каде и дишењето тешко станува после првиот одминат час. Одлична површност која пак ја изговарам умешно и ја гушкам со моите зборови низ прозата.

Напишете коментар