Има време до Василица,
Посакај си
Повеќе мир и спокој!
Посакај си да не забораваш колку вредиш
без да те обземе егото.
Посакај си да се оствариш.
Посакај си вистински да препознаеш
каде треба да се бориш .
Посакај си луѓе што ги препознаваат твоите чувства .
Посакај си како што ти се грижиш,
така исто чуван да бидеш од своите.
Посакај си поддршка во мера барем приближна на таа што ја даваш.
Посакувај љубов – само онолку колку што ти можеш да пружиш – никако помалку !
Посакај си да разбираш кога и ти им требаш на луѓето, а не кога само тебе ти требаат !
Никогаш не е доцна да разбереш дека не си само ти, не е светот само за тебе и околу тебе дека се врти.
Посакувањата од сите нас заедно го сочинуваат светот.
Секое посакување една ѕвезда!
Посакувањата од сите нас заедно
го полнат небото со ѕвезди ,
Затоа има време до Василица
Посакај си …