Skip to content

Недостиг – Наталија Наумовска

Недостиг за она што не било
и она што поминало.
Како на филмска лента спомени играат
безброј емоции се доживуваат.

Недостиг како дел од живеењето
без кој не се може,
недостиг како болен потсетник
дека ништо не трае вечно.

Недостиг како придружник на тагата
од која црпам инспирација секој ден,
недостиг како дрво без лисје
со гранките спуштени надолу.

Недостиг за она што не било
и она што никогаш нема да биде.
За нови спомени се живее
кои недостигот ќе го исполнат со живот.

Напишете коментар