Жена – Живот, Енергија, Наивност, Алтруизам.
Го подарува најскапоценото од Бог подарено,
со енергија што ја црпи и троши секојдневно,
полна со детска наивност кога вистински љуби
и секогаш подготвена да помогне.
Жена – Жал, Егоизам, Навика, Амбиција.
Ако ѝ предизвикаш жал знае да биде егоистична,
ако ти прерасне во навика веќе си ја изгубил,
амбициозна е, затоа не ѝ ги крати крилата!
Жена – Живот, Емоција, Надеж, Атракција.
Без неа не би постоел светот,
чиста емоција во движење,
допира без да те допре со само еден поглед,
таа е надеж, целата нејзина појава е надеж
за нов свет, нов живот,
атракција е дури и кога е гола без збор да каже,
не ѝ треба луксузна облека за да привлече внимание
таа е сè на светов – зачеток, почеток и крај.
Жената го заслужува сè она што го дава
и сè она што ѝ припаѓа,
жената е моќ, страст, копнеж, нежност, сила, сонце,
таа е сè на светов – сè што ти треба и сè без кое не можеш.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.