Skip to content

Убавина – Волче Наумчевски

Волче Наумчески (Прилеп, 18 јануари 1916 – Скопје, 20 март 1980) е македонски писател. Автор е на првата стихозбирка исцело напечатена на македонски јазик во предвоена Југославија, стихозбирката „Иди пролет“, испечатена во Битола во 1939 година. Објавил голем број стихозбирки за деца и возрасни меѓу кои спаѓаат „Поема за злото“, „Пролетни желби“, „Виорно знаме“ и „Седумдесет цветови“.

Во 1934 година се зачленил во „Трезвена ложа“. Од 1935 година бил активен член на Културно-просветното друштво „Абрашевиќ“ во Прилеп. Во тој период ја напишал и својата прва песна „Молитва“. Во 1939 година му е објавена првата стихозбирка „Иди пролет“.

Во 1940 година бил мобилизиран во војската на Кралска Југославија. Како војник за време на Априлската војна, на 9 април 1941 година, бил заробен од Германците кај Ниш и одведен во Бугарија, во логорот во Драгоман и Сливница. Откако е ослободен, заминува во Софија. Таму ја објавува својата стихозбирка „Македонска китка“.На 2 септември 1941 година, исто така во Софија, бил сведок на смртта на Коле Неделковски.

Истиот месец се враќа во Прилеп. Учествувал во оружената акција на 11 октомври и станал борец на Прилепскиот партизански одред. Кога се растурил одредот, во декември 1941 година одново заминува во Софија. Во 1943 година повторно заминува во партизани и објавува стихови за борбата.

По војната работел во МВР, во одделот за агитација и пропаганда. За своите залагања во НОВ е одликуван со Орден на храброст, Орден за заслуги за народ и Орден на трудот. Од областа на литературата, во 1968 година ја добил наградата на Струшките вечери на поезијата за најдобра книга за деца за таа година. Добитник е и на наградата „11 октомври“ за животно дело.

Убавина

Кој не сакал пролет
сo цветните пупки
да блешти крај тебе
ко маѓосен сон,
од волшебен ветер
да слушаш ти звуци,
мелодија слатка
сo чудесен тон?
Кој не сакал младост
возвишена, силна,
ко opeл да биде
сo бескраен лeт,
да љуби, да љуби
слободата мила
– ко најценен бисер
од целиoт свет?
Кој не видел лице
на личните звезди,
ко рубин што капат
од небесен свод,
мајчината песна,
татковиот завет –
и првата стапка
од нашиот од?
Кој нe сакал шепот
на зелено лисје
и изгреви златни
на планински врв,
ко пурпур што гори –
низ мирисно полe
божурика лична
разиграна в крв?
Кој не љубел здивој
на ливади росни
и раскошот чуден
од светлиот жар,
кај пилците песни
сe учат да пеат
маѓосната пролет
кај истура дар?..

Напишете коментар