„Везот на мугрите“ е првата стихозбирка на Виолета Јовановска која неодамна излезе од печат. Авторката изјави дека нејзина инспирација за книгата пред сè е реалноста. Книгата е во издание на Грфо Пром – Битола. „Некои песни се напишани според случувања од мојот живот, за љубовта, за вербата во Бог, во неа од моите многубројни песни напишани за Тоше и за нашата земја имам само по една песна, посветена за нив. Инаку книгата има 130 песни. Ја пишував од прилика две години“, ќе каже Јовановска. Рецезент на книгата е Маријана Митревска.
Насловот „Везот на мугрите“ го одбрав бидејќи за мене муграта е посебна, таа е дел од денот, која го најавува неговото раѓање. Иако ни се чини дека можеби тогаш, во мугрите е најголемата тишина, напротив таа тишина во нашата душа, во нашиот ум, ни пренесува многу пораки, кои може да ги доживеат, да ги допре срцата на луѓето кои имаат смирен дух, љубов кон секое битие и сè она што го создал Бог.
На прашањето која порака ја испраќа стихозбирката, поетесата изјави: „љубовта е единствената суштина која му дава живот на овој свет“.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.