Во чест и спомен на Кочо Рацин, основоположник на современата македонска книжевност, починат на денешен ден, споделуваме негова поезија.
Проштавање
Не ли ти кажав, не ли ти кажав,
нели ти реков на проштавање?
Ич не ме чекај, ич не ме пекај
Белград е ламња, во Белград ја роб
снага по туѓи палати оставам,
снага во усни несити клавам,
и дома — дома не ќе се вратам,
не ќе ги пијам очите твои
не ќе ја гледам снагата твоја –
далеку негде сувата рака
по тебе, Вело, пустата мака
пуста ќе остане…
Знам оти ѓердан веќе не нижеш,
знам оти чеиз и ти не везеш,
знам, Вело, пусто остана сичко –
не ли си и ти аргатка клета?
Тутуни садиш, тутуни нижеш,
тутун таговно у монопол редиш,
ме споменуваш и ем си жалиш
денови — крепи тешки си редиш –
Величко, мори, другачко златна!
Но почуј, Вело, што ќе ти кажам!
Не ми се, Вело, жали и клети!
Подигни очи — очи засвети
нија очи, што душа горат!
Тој што ни, Вело, однесе сичко –
тој ни остави од темно темен
веков за мака — но и за борба.
Има на вој свет како нас многу!
Има ги, има — мачат се, копат,
копачи копат по темнината,
копачи копат и тунел дупат.
И има, има — радост голема
радост длабока во темнината:
да светиш, Вело, жар да се стопиш –
во борба гроб ти душа не зема.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.