Skip to content

За Мариите Магдалени – Десанка Максимовиќ

Цару Душане,

барем да се смилувате

за жените каменувани,

за нивните соучеснички, ноќните темнини,

за мирисот на детелината, вејките свиени,

каде што паднале опиени

како потполошки крај лаки,

за нивните презрени животи,

за неудостоените од сомилост

нивни љубовни маки.

 

Барем да се смилувате

за месечината и бесценетоста дивна

за кожата нивна,

за нејзините залези,

за плиткостите на косите расплетени,

за рацете вејки распролетени

за нивните љубови разголени

и клети –

За Мариите Магдалени свети!

Напишете коментар