Skip to content

Ејми ја нема – Џилијан Флин (предлог книга за месец мај)

„Ејми ја нема“ е книга која нема да ве остави рамнодушни од првата до последната страница. Дали сум во право ќе процените сами откако ќе ја прочитате. Месецот мај кој некако ги најавува летото и топлите денови кои доаѓаат со него е резервиран за психолошки трилер. Романот е од авторката Џилијан Флин.

Доколку сте расположени за возбудлив и крајно непредвидлив психолошки трилер, оваа книга е вистинското прибежиште и бегство од реалноста, секако доколку ја немате прочитано. Но, доколку сте ја прочитале сигурна сум дека ќе посакате да го направите тоа повторно.

Од ова дело на Флин бев воодушевена, претпоставувам и дека наредните што ќе ги прочитам од незе нема да ме разочараат. Филмот кој беше адаптиран според неа го погледнав. Заклучокот кој е сосема очекуван е дека книгата е далеку подобра од него.

Топла препорака за добар трилер кој е подготовка за топлите денови и уште повеќе возбудливи дружби со книгите!

 

Напишете коментар