Создадена од слики, мисли и сцени очекувања и надежи милиони треба да се скрши како стаклена чаша празна од штотуку испиено црвено вино. Затвара очи и уши од усни немо зборува, лажни невистини и вистински лаги, таа проклета крадачка на реалноста. Создадена од песни, спомени и ноти во вид на безгласна музика што пара уши до болка таа, безобразна нестварна мелодија. Грабливка на стварноста некогаш толку посакувана, кога е непоканета гостинка затвори ѝ врата. Викни птица грабливка нека ја однесе далеку и нека нè ја враќа, нека се скрши на парчиња. А, ти изгради нова објективност.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.