Постојат научни факти што објаснуваат дека читањето е одлично за вашето здравје. Уште како деца, нашите родители, наставниците и други повозрасни ни кажувале колку е важно читањето. Но, зошто всушност е многу важно? Покрај фактот дека тоа е забавна активност, исто така го поттикнува длабокото размислување и овозможува да ве однесе насекаде низ светот со вртење на само една страна. Лесно е да се набројат причините зошто го сакаме читањето. Тоа е забавно, релаксирачко, емоционално итн. Но, кои се неговите придобивки? Дали вртењето на страниците согорува калории и прави мускули? Дали читањето го подобрува видот? Сепак тоа не е магичен начин за губење на тежината или лек за кратковидоста.
Верувале или не, постојат многу поврзаности помеѓу одредени здравствени придобивки и читањето. Книгите немаат само моќ да нè инспирираат, едуцираат и да нè носат на различни места туку ни го направат животот подобар и поздрав. Прочитајте ги шестте научни причини зошто читањето е одлично за вас!
1. Може да ја подобри меморијата
Според едно истражување читањето може да биде одлично за вашата меморија. Читањето активира различни делови во мозокот што не е случај со гледањето на филм или слушањето на музика. Бидејќи тоа ги вклучува оние делови што се однесуваат на визуелноста, јазикот и асоцијативното учење (учење преку асоцијации). Луѓето кои читаат имаат покомплексни мозоци. Што значи ова? Покрај другото значи дека менталната активност што ја предизвикува читањето помага во одржување на силна меморија. За подобрување на меморијата читањето може да помогне во превенција од Алцхајмер, според резултатите од едно истражување во Медицински центар во Чикаго. Студијата покажала поврзаност помеѓу вежбањето на мозокот на начин преку „ментални предизвикувања“. Заклучокот е дека колку повеќе читате и го стимулирате мозокот, толку повеќе ја зајакнувате вашата меморија.
2. Го редуцира нивото на стрес
На крајот од денот кога ќе се завиткате со добра книга дали чувствувате дека стресот полека исченува? Постои научна причина зад ова. Според истражувања спроведени во Сусекс, читањето само од 6 минути може да помогне да се редуцира нивото на стрес до 68%. Студијата открила дека учесниците кои читаат после стресни моменти се порелаксирани од оние учесници кои пробале други методи на ослободување од стрес како што е пешачењето или слушањето музика.
3. Може да биде терапевтско
Истражувачите откриле дека луѓето кои препрочитуваат книги не само што уживаат во нивната омилена книга повеќепати, туку и се обидуваат да пронајдат ново значење во нејзе. Со препрочитувањето се добива нова перспектива, а голем е бројот на терапевтските придобивки затоа што читањето може да биде „лековито“ како и една сеанса кај вашиот терапевт.
4. Ја подобрува функцијата на мозокот
Меморијата не е единствениот дел од мозокот кој може да биде подобрен со читањето. Според истражувањата читањето може да ја зголеми активноста на мозокот што значи дека ја подобрува мозочната функција. Истражувањето покажало дека кога човекот чита фикција, неговата способност за емпатија се подобрува. Употребата на имагинацијата прави луѓето да можат да се стават во „туѓа кожа“.
5. Го зголемува опсегот на внимание
Со толку многу модерни дистрактори (одвлекувачи на вниманието) не е за изненадување дека луѓето имаат пократок опсег на внимание отколку порано. Според еден невронаучник, читањето може да помогне во подобрување на вниманието, барем кога станува збор за вниманието кај децата. Поради структурата на приказните (на почеток, на средина и на крај), читањето им помага на децата да ги процесираат работите во секвенци и да ги поврзуваат причините со ефектите што им овозможува да мислат појасно и да го задржат вниманието подолго време на одредена активност.
6. Влијае врз долговечноста
Додека сè уште не сме ја откриле „фонтаната на младоста“, истражувачите откриле дека читањето може да нè оддржи млади. Според прирачникот на едно медицинско училиште за семејно здравје од Харвард, читањето како и другите ментални стимулативни активности налага ментален напор кој креира нови поврзувања помеѓу нервните клетки. Читањето може да помогне и во градење на „резерви“ што можат да се употребат кога ќе се изгубат мозочните клетки подоцна. Иако не може да се најде начин за целосно редуцирање на брчките, истражувачи од Англија откриле дека читањето и членувањето во книжевен клуб може да придонесе за подолго трање на животот. За луѓето кои се во пензија, клубот на читатели им овозможува да бидат социјално поврзани и ангажирани овозможувајќи им добар систем на поддршка кој е неопходен за подобар квалитет на живот.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.