Денешен избор за читање поезија е „Станици“ од македонскиот поет, есеист и критичар Илија Карајанов. Во продолжение прочитајте ги стиховите и слушне го нивното читање. На каналот „Слушај поезија (и други приказни)“.
Додека Зборот прозрнува
додека се враќаме од проклетството
и станици заробени
во таинствена вечност
ние само се сеќаваме
на трепетните слова
на тие килибарни ѕвезди…
Се будиме
покрај учителот од Назарет
кој ни ги покажува
молитвите и соновите
чистилиштата и распетијата
пустините и прибежиштата
Вечно бараме клучеви
за тајни двери и ковчези
А покрај нас
низ сончеви и пеколни станици
низ вонвременски мигови
животот невидливо поминува.
Уживајте во слушање на читањето на песната „Станици“ од Илија Карајанов
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.