Занесен валцер со последна мисла.
Глатка голтка од отстоен Теран, бидна.
Над дирките солза надвиснала.
Осамна без трага, без нота завршна.
Муза без облик и Кихот куртоаз.
Исцртуваа елипси на бродскиот под.
При ноќ, без светло и виртуоз.
Посакувана беше, страст и насмевка.
Безброј прашања и бавен поглед.
Книга со стара душа, заборавена.
Аголен абажур раскажува за една…
Напуштајќи ја собата со воздив.
Вџашени гаврани, гласно џангараа.
Но молчат за моментот кабаат.
Влечејќи ги прстите за последен пат,
по косите кадрави, катмер.
Додека,
го играме последниот валцер.
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.