Skip to content

Зборот

  • by

Пред зборот, постоеше чувство

По чувството, следеше зборот

Од зборот постана мислата

Мислата се преточи во сказна

Сказната раскажа добри но и

тажни моменти

Моменти живеени до бескрај

Бескрајно се прашувам

како ќе беше да не биднеше,

Зборот…

И се така во круг се движи,

животецов и оди до небиднина

како Архимедовата константа

И повторно се прашувам

како ќе беше да не биднеше,

Зборот…

Дали би постоела и поема,

за да опишам што чувствувам

преку Зборот…

Напишете коментар