Чекорот водеше до едно
место кое вечност се вика,
од нив сега остана само слика
го изгубија нивното највредно.
Животот беше тоа,
водејќи ги низ чудни патеки
во светлината што ослепува
во провалијата што голта
безмилосно и немилосрдно,
ги прегрна до нивниот последен здив.
Нивниот пат до бесконечноста
поплочен со солени капки
ги води онаму од каде враќање нема
тоа се запишани Божји патеки.
После илјадници километри,
последниот ги пресретна
изненадувачки и неочекувано
ги исклучи последните светла
и им кажа збогум засекогаш
на нивното последно патување.
(Посветена на патниците што настрадаа во автобуска несреќа)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.