Skip to content

Глас

Од дамнешни времиња       

преку упанишади и веди

хиероглифи пред него биле

јазикот уште живее и се множи.

Еден глас, една буква

тоа не е безгласна бука,

збор по збор – реченица

јазикот нè собра тука.

Зближува и соединува

различни култури и религии

создава и краси елегии

цели нации обединува.

Првото словенско писмо – глаголица

го создале Кирил и Методиј светите лица,

а во нивна чест нашата азбука

кирилица се вика.

Негување и почит

на јазикот му треба

неписменоста е само обична врева.

Богатство крие тој во себе

го носиш ти во тебе,

од најмали нозе го учиш,

а најубаво го разбираш кога молчиш.

Употребувај го правилно

и секогаш знај:

коски нема, но коски крши

и тој никогаш нема крај.

Н.Н

*Нека е честит меѓународниот ден на мајчиниот јазик!

Напишете коментар