Зарем сега твој станав
сублимирајќи низ падините
а премногу дознав…
Не е лесно самотијо моја
што низ тишината продираш
и срцево мое го распараш…
Знам сопатник сум твој
барем кај тебе се засолнив
како да сакам да бидам свој…
Но изгубив…што ли е ова?
студ насекаде во ноќта
или во денот приказна нова…
Самотијо моја клета -проклета
еве птица пролета
на дланките ми застана…
Ех самотијо неминлива
во твои прегратки утеха барам
а само неспокој собирам…
Не може ова така
кога мислев дека имам мака
немам повеќе…
Ниту страв…покајување
тагување, легнување
на подот додека очекувам…
Ти се изгуби, побегна
а пак јас?мене судбината
ме достигна…
Ех, самотијо моја!
веќе и за себе не знам…
Автор:
Вукашин Ступар