Skip to content

Далечина

  • by

Нема никој подалечен

и толку многу студен

колку оној со кој си сонувал,

а, сега покрај него самуваш.

Седите во иста соба двајцата,

но, милји ви ги делат срцата,

секој во свој свет заскитан,

со ѕид околу себе соѕидан.

И таквата далечина

ти ја пара душата

и додека сфатиш

што се случува

и што те гризе и уништува

љубовта веќе се спакувала

и прагот го пречекорила.

Знаеш:

Не нѐ делат градови, езера и мориња

туку сите длабоки молчења

меѓу нас.

Автор:
Викторија Сиљаноска

Напишете коментар