Еден за друг дишеме
не покажуваме криеме,
а срце в гради се повеќе стега
молчиме
колку еден на друг си требаме
колку чекаме
поглед да сретнеме
еден од друг те сакам
да чуеме
чувствуваме, а сепак
молчиме
се плашиме уште
еднаш да не изгориме
зашто нема ништо
од нас да остане
само болка гради ќе ни искине
на срце пукнатини ќе останат,
а знаеме
дека среќата само еднаш доаѓа
од страв да не изгориме
се пеплосавме.
A копнежот од ден на ден
сè посилен и посилен станува,
а секоја ноќ водени очи
свилена перница мијат,
а секое утро една иста мисла
добар ден посакува
и надеж за иднина дава.
А такви сме ние
јас и ти
ние двајцата
совршено несовршен пар
различни ко ден и ноќ
ко сонце и месечина
ко дива река и тивок оган
две души кои гордоста
не ја пуштаат да си оди
си ги голтаме мислите
сè дур не се повредиме,
а подоцна бараме времето
неколку години назад да се врати.
Ќе молчиме
колку и да боли одвнатре
ќе оставиме очите да зборуваат
тие сè ќе кажат,
но сè дур сме под исто небо
еден за друг ќе живееме.
Автор:
Марина Додевска