Дојде најубавата пролет
птиците ни се вратија со полет.
Сонцето силно грее,
славејот в гнезденце пее.
Мравките вредни за работа се фатија,
штурчињата со музика ги испратија.
Сонцето на небото блеска,
кокичето на качунката ѝ ракоплеска.
Медо од зимскиот сон се буди
дојде пролет, па не му студи.
Пчеличката ита, прави мед
од зумбулчето никнато во првиот ред.
Автор:
Виктор Димов III-1
ОУ „Блаже Конески“-Велес
Ментори:
Магдалена Камчева / Павлина Андова