Ми пиеш од мртвилово во душава,
како последна капка вода ме голташ,
та стануваш поцрн и од катранот,
помртов од твоите и моите предци.
„Душата твоја е како мојата’’ – ти велам.
„Не е важно’’ – велиш,
„исти да сме, да ги споиме црнилите,
та можеби друга боја ќе станат’’ – ми велиш.
Автор:
Ана Рувиноска