Враќање – Димитар Решков

Ден по ден заминувате,

оставате сѐ и заминувате,

ги напуштате корените свои,

го напуштате потеклото свое,

го оставате срцето овде

и заминувате без да гледате назад.

Улиците на кои како мали игравте,

луѓето кои како млади ги познававте,

природата на која бескрајно се восхитувавте,

кафулињата кои секојдневно ги посетувавте,

ги оставaте и заминувате.

Вратете се во својата татковина

барем еднаш за да се потсетите

како беше во вашето безгрижно детство,

бидејќи овде сѐ се менува,

не чекајте…

зошто сѐ што сте знаеле..

сѐ што сте сакале

ќе биде само едно носталгично сеќавање

кое ќе предизвика блага болка.

Овде ве чекаме

овде ве чекаат срцата што ги оставивте.

Вратете се…

Уште еднаш да ја почувствувате

прегратката на саканите и

топлината на родните краишта.

Автор:
Димитар Решков II-2
СОУ „Богданци“ – Богданци
Ментор: Ивана Димовска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?