Skip to content

Излез ни на повидок – Марија Улишева

  • by

Пожолтените лисја

шумолат под моите нозе.

Забрзано го следам твојот чекор

кој неуморно се пробива низ планинската шума.

За брзо ќе падне мрак.

Месечевата светлина

не ќе биде доволна да го осветлува патот.

Излез ни на повидок!

Го слушам срцебиењето како ти се забрзува.

Го осеќам стравот што те обзема.

Наликуваш на исплашениот зајак

што ни го пресече патот,

а сепак глумиш волк

кој крволочно ја штити својата волчица.

Нема светлина ни во мојата душа.

Само страв.

Излез ни на повидок!

Безнадежно ја ставаш раката на моето рамо,

ме повлекуваш кон себе,

потонувам во тебе.

Изгубени во шумата мракот не гуши.

Излез ни на повидок.

Ако се ова последни минути живот,

дозволи да ја почуствувам топлината на твоето тело,

за последно да бидам бесконечно твоја.

Твоја, а ти мој.

Автор:
Марија Улишева

Напишете коментар