Бесмислена е – Христина Ѓоргиевска

Бесмислена, бесмислена е оваа мисла

мисла која тежи,

која тежи и остава тешки запечатени чекори.

Тешка е, бесмислена е оваа смисла која прави патувања,

некогаш носејќи ме на преубави предели,

некогаш нурнувајќи ме длабоко

во океаните на мрачните мисли.

Тешка е, бесмислена е оваа мисла која

длабоко пуштила корени,

се разбранува на сите страни,

никако да ја откорнеш.

Тешка е, бесмислена оваа мисла

која дува како силен ветер

не знаејќи каде те носи,

кревајќи силна прашина и

ти ги полни очите со солзи.

Тешка е, бесмислена оваа мисла

која те носи на нестабилни крила.

Тешка е, сè додека не се скршат и паднеш.

Тешка е, бесмислена е,

Бесмислено е да мислиш дека ја немаш,

а знаеш дека ја имаш, тешка е….

Автор:
Христина Ѓоргиевска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?