Ѝ дадов на мама
волшебен цвет,
се израдува и ме бакна
со устите како мед.
Се шетавме во природа
дојде врапче мало,
испеа најубава песна
за љубовта наша лесна.
Се вратив од училиште ,
ја видов мајчината убавина,
се израдував на нејзиното венче
и ѝ дадов уште едно цветче.
Денес ѝ е роденден
со торта ја пречекавме
најубав букет ѝ подаривме
за грижата ѝ се заблагодаривме.
Автор :
Марко Коруновски –III-1 oдд
ООУ „Блаже Конески“-Велес
Ментори:
Магдалена Камчева / Павлина Андова