Skip to content

Слика за спомените

  • by

Далеку е ѕвезденото небо,

далеку се желбите наши,

далеку е сè !

Ја насликав сликата.

Во неа со копнежот

го доловив најубавиот сон,

сон за љубовта и среќата,

сон што остана врежан

сред ноќ, од блесок

на пурпурно небо.

Сон за нова радост.

Сред бркотница на безброј мисли,

а една е таа.

Ме праша која…?

Една ми падна на памет!

Таа во која се вткаени

моите надежи и радости и

патот блескав до нив.

Утрата мирисни

вгнездиле во себе

опоен мирис од најубавите рози.

Денот нанижал саати

чиниш гердани бисерни.

Се ближи мрак.

Ја допишав најубавата песна,

поубава и од цветот на розата,

посветла и од сонцето.

Ги опејав најубавите стихови

со играта на зборовите.

Ги врежав во нив сите спомени,

насмевките  наши,

допирот   на звукот од харфата.

жуборот на потокот

и песната на птиците.

Сè се збрало на едно место.

Со музиката ги разбудив

заспаните спомени,

создадов нови спомени за некогаш,

кога ќе седнам

повторно да напишам песна,

да го отпејам најубавиот рефрен

и да ја насликам

сликата за спомените.

Автор:
Сузана Д. Рулеска

Напишете коментар