Пејзажот што го насликав
во длабината на твоите очи
-го нема,
се измил од солзите неистечени,
ме гледаш жолто,
меко и врнежливо тажно.
Зар не се вжарува твојата снага,
од сонцето што ти изгрева
и заоѓа на вишновите усни,
јас
-пепел што ветрот го чита.
Твоите умни нозе
ми ги газат трулите мисли;
Давам род на божества
во кои целосно тебе сум ти ветен,
каде немаат право на збор
ни земјата, ни небеста.
Ти
-напрсток кој ме чува
од острилото на животот.
Автор:
Николинка Митрева