За денес, издвоивме една прекрасна песна од стихозбирката „Преместен камен“ на нашиот познат поет Никола Маџиров, „Кога некој заминува сѐ што е создадено се враќа“.
Никола Маџиров е роден на 27 мај, 1973 година во Струмица. За поезијата од стихозбирката „Преместен камен“ (2007) ја добива европската поетска награда „Хуберт Бурда“ за автори од Источна Европа, како и најпрестижната македонска поетска награда „Браќа Миладинови“.
Пишува за времето кое нè одминува, историјата која постојано сѐ навраќа во крвавите спомени на тешката историја на балканските народи. Чиниш, како да постои некое чувство на бегство, но кругот на сеќавањата е секогаш тука и сѐ што веќе еднаш постоело, некаде длабоко во нашите срца останува таму засекогаш. Спомените не умираат.
Останува само долгиот процес на транзиција која како никогаш да нема да помине, барем нѐ на овие простори. Трепкаме во тажните судбини и живееме меѓу две времиња, а сонуваме како да никогаш нема да исчезнеме од фотографијата наречена живот.
Со оглед на тоа дека е еден од најпреведуваните македонски поети, читаме поезија веќе преведена на англиски и француски јазик. Се надеваме дека е пријатно изненадување денес почнуваме и со читање на преводи на наши автори на англиски и француски јазик, заедно со оригиналот на македонски јазик, се разбира.
Се надеваме дека ќе ви се допадне и ќе уживате!
Пријатно слушање!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.