Skip to content

Светлина

Седев во целосна темнина
Во тишината на ноќта
Една мисла ми ја осветли собата,
Толку беше силна што
Лицето ми се озари
Имитирајќи јулско сонце.
Носев сончеви зраци во душата
А, тие ме топлеа одвнатре
Во јануарските ноќи кога
Огревот недостигаше,
Можев цела вселена да ја стоплам,
Река од замрзнување да спасам
Ако посакам и тогаш сфатив дека
Креветот никогаш не бил потопол.

Напишете коментар