Празни зборови

Се сеќаваш кога првпат погледите ни се споија?
Се сеќаваш ли кога затреперив во твојата прегратка сакајќи вечно да траеме? Се сеќаваш на мигот кога за прв пат усните ни се споија и станавме едно? Добро се сеќавам кога ми ветуваше дека ќе испишеме цели романи кои за да ги дочиташ ќе ти требаат два животи, се сеќавам на сите наши заеднички песни и моменти поминати во бескрајна среќа за која се плашев дека ќе заврши и навистина тоа се случи… Не се каам ни за еден момент поминат со тебе, не жалам за времето што го поминав во твоја прегратка шепотејќи ми нежно цели светови, само знам дека нашите заеднички мечти паднаа во вода, како што паднаа во вода твоите зборови, беа се, само не вистински…. И покрај се, покрај силното себевложување во нас, после откинатата и тебе поклонета парче душа, зарем заслужив да слушам празни зборови? Зарем дојде денот кога се сруши нашиот свет, заради твоја вина? Ти ме научи како е да се голтаат солзи кога најмалку очекуваш, но ме научи и како е да плачеш од радост. Ме научи како е да не одржуваш ветување, но и радоста која ја носи исполнетото. Ме научи како е да се будиш со помислата дека имаш некој покрај себе, но и обратно од тоа. Фала ти за секој празен збор, ќе ги чувам заклучени во длабочините на мојата душа не дозволувајќи му на никој ни да ги изговори, ниту да ги ветува. Ти беше се, но сега си само странец кој никогаш не сум го запознала. Не знаеше да ме сакаш како што заслужувам, не знаеше да ме цениш вистински и уште не си свесен што изгуби, а кога ќе се свестиш, јас веќе ќе бидам во прегратка на друг, а ти вечно ќе жалиш за спомените што не ги направи со мене, она што ќе остане ќе биде само болен спомен кој ќе те врзува за мене. Само тој ќе биде потсетник на се што имавме, затоа што никогаш нема да ме вратиш бидејќи не сакам повторно да слушам празни зборови…

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?