Се погрижи ли денес?

Се погрижи ли денес да ти биде убаво? Ги исполни ли твоите денешни обврски? Уживаше ли со оние кои ти значат? Им посвети ли внимание на твоите приорети и на твоето хоби? Се погрижи ли денес да и го направиш денот поубав на личноста што ја сакаш? И кажа ли колку е убава кога е покрај тебе? Му кажа ли дека уживаш во негово присуство? Колку личности денес прегрна, а на колку им измами насмевка на лицата? Се обидуваш ли да ги оствариш твоите цели исполнувајќи ги сите обврски кои те водат кон тоа? Ја слушаше ли омилената песна денес? Прочита некоја добра книга или пак беше на прошетка? Уживаше ли со најблиските во пролетното сонце? Му се радуваш ли на секој нов ден? Благодарен си што постоиш?

Грижи се за оние кои ги сакаш.

Грижи се за оние без чиј глас не можеш да си го замислиш денот.

Грижи се да го правиш она кое те исполнува.

Грижи се за да бидеш среќен

Грижи се за да бидеш успешен и горд на себе.

Грижи се за она што ти значи.

Грижи се за себе.

Грижи се и не заборавај дека и некој се грижи за тебе!

http://www.youtube.com/watch?v=-Qqqrlmj7gk

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели