Заборав

Улиците по кои чекореа.

Предметите кои ги поседуваше.

Сите заеднички места кои ги имаа посетено.

Мирисот на неговиот парфем.

Нивната заедничка песна.

Гласот што и кажува колку е убава.

Рацете кои ја милуваа.

Неговата прегратка-насјигурно место на светот.

Безгрижното чувство кога е покрај неа.

Срцебиењето секогаш кога ќе го види.

Треперењето додека ја држи во крило.

Чувството на комплетност.

Мислата дека се совршени еден за друг.

Или створени за да се заедно.

За да бидат едно.

Две тела, со една душа.

Чувство на припадност.

Споменот кој вечно ќе живее во неа.

И се’ што ја потсетува на него кога тој повеќе не е тука.

Никогаш нема да паднат во заборав!

memories

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели