Догледање на старата, добредојде на новата

Останаа уште 24 часа до почетокот на новата 2014та година. 2013 полека, но сигурно изминува и останува забележана како уште една година која изминала и со себе донесла некому радост, некому тага, а некому и двете. Се надевам дека повеќето од вас ќе ја паметат по убави нешта. 

Пред секој од нас постојат 365 празни листови од книгата Живот кои ќе треба да ги испишеме.

Нека ве прати здравје, бидете среќни и испишувајте ги 365те страници со многу љубов, успеси и остварени желби и цели.

Нека 2014та биде ваша година, исполнете ја со позитивни и само убави работи.

Посакајте си нешто кога сказалките ќе отчукаат 00:00 и правете сѐ што е во ваша можност да го остварите.

Среќни Новогодишни и Божиќни празници!

download

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели