Skip to content

Патување на една старица низ минатото

tom-hussey-reflections-portrait-series-older-people-mirror

Немав никој, но ја имав неа… Постојано како сенка што го следи секој мој чекор. Живееше во мене. Да, празнината што никогаш и не ме напушти, не замина, но се навикнав да живеам со неа.

Застанав пред огледало. Што ли гледам?

Прво го забележав тоа што не го гледам, затоа што тоа што сакав да го гледам веќе одамна не беше до мене. Нема сјај, нема надеж, ги одбројуваш деновите до твојата смрт, а знаеш дека нема кому да му недостасуваш.

А, што ли гледав? Ја забележав истата девојка од пред  триесетина години, но сега ги живее последните децении од својот живот, без никого, без него, сама.

Ги затворив очите и ја видов девојката со виткана коса и очи кои никого не оставаа рамнодушен, па не одолеа ни тој.

Само што се бев доселила во тој град, бев нова, а и млада. Бев спремна да почнам нов живот во преголем град, но не и поголем од моите очекувања и страдања.

Трагично ги загубив оние што ме донесоа на тој свет, долго време не можев да го прифатам фактот дека веќе ги нема, но продолжив, не зашто сакав, морав.

Откако се преселив, решив да го разгледам градот, од тогаш веќе мој дом.

Одеднаш почувствував тешкотија во рацете, бев занесена од убавините на тој град и воопшто не забележав дека куферите ја отежнуваат мојата прошетка, па затоа решив да најдам привремено престојувалиште, а потоа ќе се снајдам, си велев.

Моите парични средства не дозволоуваа луксуз, но ќе најдам нешто за мој стандард, се тешев.

Шетајќи забележав хотел, изгледаше доста старо и не би привлекол секого, но мојата ситуација беше таква. Не ми преостануваше ништо друго, влегов и тогаш веднаш ме забележа едно момче кое ме покани да влезам. Всушност тоа беше рецепционерот. Местото ми се гледаше солидно и одлично се совпаѓаше со тоа што можев да си го приуштам, па затоа решив да не ја пропуштам шансата. Рецепционерот толку мило ме гледаше со своите сини очи што ми се причини се поубави од небесниот шир, а топлината што ја чувствував  уште прв пат кога влегов во ова место придонесоа за впечатокот да ми биде комплетен.

Ги отворив очите, солза ми капна по лицето, а потоа сами ми се затворија капаците од очите, желни за изгубеното.

Се сместив во хотелот, чувствував болка во нозете и оставив прошетката да чека за утре.

Утредента не ја продолжив екскурзијата како турист во градот, сега како негов жител.

Во рацете носев книга што бев решена да ја читам во паркот што се наоѓаше наспроти хотелот, кога одеднаш пред мене – синокосиот, рецепционерот. Погледите ни се споија, му украдов насмевка и ме поздрави срдечно. Возвратив. Ме покани на прошетка. А, кој би одбил прошетка од вакво момче? Со задоволство прифатив.

Не остана само на таа прошетка, имавме уште многу, научивме многу еден за друг, го гледав постојано. Не ја потполнуваше празнината од пред нецели 3 години, но барем ја ублажуваше.

За кратко време ми стана најголема поддршка. Немав многу, а тоа што го имав го чував како најголема скапоценост. Немав ништо, а сепак имав сѐ. Тој ми беше сѐ. Се плашев од своите чувства, се плашев да не бидам повредена па затоа најчесто го избегнував фактот дека ми значи нешто повеќе од другар.

Поминаа речиси 3 месеци, а јас одлично се вклопив во таа средина. За кратко време го проширив кругот на познанства и започнав да работам како новинарка.

Заедно излегувавме со Марко – некогаш само обичен рецепционер, сега мој најголем пријател,  но не остана само на тоа зашто беше тешко да исконтролираш толку први, невини, силни чувства.

Ги отворив очите, солзите не престануваа, веќе ја навлажнуваа мојата кожа со брчки. Го продолжив своето патување во минатото. Не останав рамнодушна, зашто тоа патување ни малку не беше едно обично патување, патување во добро позната дестинација, патување на кое му знаеш почеток, а не сакаш крај. Не го сакам крајот, не.

Поминаа и 3 години откако се преселив во тој град каде несомнено се пронајдов себеси, а и мојата друга половина.

Бевме неразделни. Дури мечтаевме дека ќе остареме заедно, тоа најмногу ме боли.

Навидум обично утро, се разбудивме заедно, камо да знаев дека ни е последно.

Уште една трагична несреќа. Уште еден крај. Крај на неповртано изгубена прва љубов. Крај на изгубена среќа. Крај на млад живот чија иднина требаше да ја гради со мене.

Ги отворив очите, а за момент ги затворив, но овојпат, засекогаш.

A.Н

Напишете коментар