Skip to content

Песна на ветрот

Свири ја песно нашата песна,
нека продре низ планини и улица тесна.
Нека се прочуе низ цел свет
љубовта наша чиста како цвет.
Брановите нека ја пренесат,
ветровите силно нека ја разнесат
пораката што ја праќам јас
нека стигне до секој од вас.
Песната на ветерот тивко шепоти
свири најнежни и најубави ноти.
Мелодија во срце што влегува,
стих кој тешко од мозок излегува.
Ритам кој кожа ми наежува силно
секој збор од оваа песна ме гали милно.

 

Напишете коментар