Сестра

Пријател за живот цел
ти зафаќа во срцето најголем дел.
Те теши кога си тажен,
присуствува во секој момент важен.
Води со тебе разговори по цела ноќ
нејзиниот збор има голема моќ.
Да те насмее таа знае најдобро
без неа немаше да ти биде подобро.
Поголема или помала не е важно
секогаш ја смееш кога се чувствува тажно.
За неа и живот ако треба би дала
тагата кога ја нема во близина не е мала.
Сакај ја твојата сестра ако ја имаш,
зошто од неа незимерна љубов примаш.
Чувај ја како птица на дланка
од секој што сака да и постави замка.
Биди за неа секогаш тука
и давај и мудра поука.
Сестринството е дар скапоцен
кој го нема не му е драгоцен.

Image

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели