„Записите за Џозефина“ (14)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Изглед на дама
не сакаш да ја гледаш сама,
љубоморните правеа да ја бие лош глас,
знаеше да рече: „нека озборуваат,
сигурно повеќе од нив вредам јас“
Најубав цвет во Мај,
во нејзината прегратка беше мојот рај,
најшарен лист во секоја есен,
со неа ниеден ќош не ми беше тесен.
Морски пејзаж и небесна шир,
нејзиниот поглед не ми дава мир.
Нека биде моја,
не било која,
туку Џозефина најубава боја,
која ми ги бои дните,
ми ги лечи раните,
ме прави жив и ведар,
таа е мојот најскапоцен дар.
Не барам ништо друго,
само да одговори на мојот знак,
да го тргне од очиве овој мрак,
да ме гали со поглед како најтопол зрак,
да ја разбудам во мене љубовта пак!
Џозефина девојка фина
и кога покрај мене помина,
вулкан од емоции таа разубди,
ох, колку посакувам покрај мене да се буди.
Не барам ништо друго,
само еден поглед да врати,
за ниеден од нас да не пати,
чекорот мој секаде сака да ја прати
и мојата дланка со нејзината да се фати.
Крај на мојата среќа ќе нема тогаш,
ќе ја чувам засекогаш!
Единствена и своја
штом еднаш стане моја,
ќе се облече во прегратка која
како што не била до сега прегрната никоја.
Мој редок цвет,
кому го поклонувам целиот мој свет,
нека цвета покрај мене секогаш,
да не овене никогаш!

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели