„Записите за Џозефина“ (20)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

И оваа ноќ светилката остана запалена
во собата на Џозефина.
Додека градот спиеше,
додека владееше мрачна тишина
додека ѕвездите беа единствени
гости на темното небо,
додека студот продираше в коски
нејзе ѝ беше топло во душата.
И оваа ноќ светилката остана запалена
во срцето на Џозефина.
Додека срцето ѝ чукаше,
додека крвта ѝ течеше низ вените,
додека дишеше,
се надеваше
додека веруваше дека сè
ќе испадне добро.
И оваа ноќ светилката остана запалена
во најмрачната темница.
Додека постоеше сонцето,
додека ја имаше насмевката
додека полека умираше
во неговата прегратка
додека постоеше таа
ќе постои и тој.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели